Денес цел свет зборува за џемперот на Јелена Ѓоковиќ: Чини повеќе од 1.000 евра и тоа само поради еден „скап“ детаљ

Како и секогаш, Јелена е најголемиот поддржувач на Новак бидејќи тој повторно се натпреварува на Вимблдон

Освен што навива за својот сопруг, Јелена секогаш привлекува внимание со своите модни изданија. Овојпат таа облече џемпер од познат српски бренд, кој секогаш ја има природата како инспирација.

Кардиганот на Јелена Ѓоковиќ е скроен на модерен начин, со одредена доза на автентичност. Чини 1.050 евра, а цената е висока бидејќи е од ангорска козја волна. Со џемперот облече бела блуза и фармерки и го потврди модното правило дека помалку е секогаш подобро.