Во Собранието денеска ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Како што стои на собраниската веб-страна, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на собраниските комисии, разгледување на барање од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието.