Дерби на Марадона во Лигата на шампионите: Наполи ја напаѓа Барса: Вечерва ќе гори Неапол (фото/видео)

Сè е подготвено за голем спектакл во Неапол – на стадионот „Диего Армандо Марадона“ вечерва од 21 часот силите ќе ги одмерат Наполи и Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ова е вистинското дерби на Марадона бидејќи легендарниот Аргентинец остави најголем белег токму со играњето за овие два клуба.

Во Наполи има статус на божество бидејќи на овој клуб му донесе две титули и еден Куп на Италија, Суперкупот на оваа земја и Купот на УЕФА, додека во Барселона е легенда, а меѓу трофеите освои и еден шпански куп, Суперкуп и Лига куп.

Што се однесува до самиот натпревар, улогата на благ фаворит оди на Барселона и обложувалниците даваат коефициент од 2,65 за победа на овој тим, додека на Наполи коефициентот е 2,80, а за нерешен резултат 3,40.

Барселона, Роберт Левандовски, ФК Барселона

Наполи пред овој натпревар го смени тренерот и наместо Валтер Мацари, на клупата се врати Франческо Калзона кој го пречека првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

– Валтер Мацари е пријател на Наполи и на моето семејство, но дојде време да се разделиме. Му благодарам за сè што направи за клубот. Ќе го пречекам Франческо Калзона, кој веќе работеше во нашиот клуб во стручниот штаб со Сари и Спалети – изјави Де Лаурентис.

Во составот на Барселона се враќаат Жоао Феликс и Серхи Роберто, но на листата на повредени сè уште Алонсо, Балде, Гави и Торес. Во тимот на Наполи ќе го нема Зиелински. Овие екипи се сретнаа на стартот од елиминациската фаза од Лигата на Европа во 2022 година, а по ремито 1:1 на Камп Ноу, Барселона победи со 4:2 во Неапол и се пласираше понатаму.

Илкај Гундоган, фудбалерот на Барселона пред овој натпревар истакна дека тој и неговите соиграчи доаѓаат во Италија по добар резултат:

– Ваквите натпревари се поен во Лигата на шампионите. Го сакаме овој вид на притисок. Во секој натпревар се влегува „од нула“, знаеме дека го сменија тренерот, но дојдовме за добар резултат – кратко прокоментира Гундоган.

Покрај овој натпревар вечерва од 21 часот се игра уште еден натпревар во кој ќе се сретнат Порто и Арсенал.