Десетгодишното момче Мустафа почина од неухранетост во Газа

Уште едно дете почина од глад во Појасот Газа, кој е цел на брутални израелски напади и блокада што предизвика голема хуманитарна криза.

Десетгодишното момче Мустафа Хиџази почина од неухранетост и недостаток на лекови во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

На сликите на Анадолу се гледа како безживотното тело на момчето го држи во раце неутешната мајка Фатма Хиџази.

Според директорот на болницата „Камал Адван“, повеќе од 200 палестински деца се во опасност од смрт поради неухранетост.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Повеќе од 37.200 Палестинци се убиени во Појасот Газа од 7 октомври во израелските напади.

Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.