Во милиони евра се проценуваат штетите од шумските пожари низ државата. Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов вели дека до крајот на август се пресметани загуби во висина од 26 милиони евра.
Михаилов објаснува дека тоа се пресметки за вредноста на уништената дрвна маса, но со вклучени и други параметри како загубите од прирастот што претстои во следните години. Заложбите на јавното претпријатие ќе се да се извлече максимум од продажба на опожареното дрво, со цел да се намалат загубите.
Во периодот јули-август на територијата на државата имаше и до 45 активни пожари во едно деноноќие. Покрај огромните загуби по шумите, големи штети имаше и целиот екосистем, животната средина, а дополнителен ангажман беше и вклучувањето на стотици пожарникари, вработени во шумските и комуналните претприја, но и граѓани. Покрај тоа се трошеа и значајни ресурси од повеќе институции, со што реалната штета од пожарите е далеку повисока.