Десет дена по влезот во НАТО, Финска го покажа првиот дел од оградата со Русија

Финска дели 1.300 километри граница со Русија.

Финска денеска го претстави првиот дел од 200-километарската гранична ограда со Русија, десет дена откако таа влезе во НАТО .

Граничната служба го покажа градилиштето на првиот дел од три километри во близина на граничниот премин Иматра во југоисточна Финска.

Одлуката за изградба на оградата ја донесе Хелсинки откако Русија ја нападна Украина во февруари минатата година.

Со влегувањето на Финска во Алијансата, копнената граница меѓу земјите на НАТО и Русија се удвои на 2.600 километри, бидејќи Финска дели 1.300 километри граница со Русија.

Оградата висока три метри и покриена со бодликава жица треба да биде завршена до 2026 година.

Трошоците за изградба на оградата се проценуваат на околу 380 милиони евра.