‘Десната рака’ на Владимир Путин не штедеше на зборови – Александар Лукашенко тврди: “Направивме само една грешка, знам кога требаше да ја завршиме Украина!“

Единствената грешка на Русија и Белорусија беше што не го решивме ова прашање во 2014 или 2015 година, кога Украина немаше војска и не беше подготвена“, вели белорускиот ‘диктатор’ Александар Лукашенко.

Тој ја споменува 2014 година бидејќи тогаш Русија го нападна полуостровот Крим и го анектираше, а нивните сили ја окупираа територијата во источна Украина.

Коментарите на Александар Лукашенко, кои беа дадени за време на средбата со директорите на безбедносните агенции на Заедницата на независни држави, која ја сочинуваат поранешните советски земји, покажуваат дека тој целосно ја прифатил неговата трансформација во марионета на рускиот претседател Владимир Путин.

Владимир Путин и Александар Лукашенко

Нивната врска „сакам-те-мразам-те“ трае речиси три децении, а откако Кремљ му помогна со масовните улични протести што се одржаа по лажните претседателски избори во 2020 година, белорускиот диктатор реши да ги стави сите свои карти на Владимир Путин и да и помогне на Москва да започне инвазија на Украина во февруари 2022 година. Имено, Белорусија не е директно вклучена во конфликтот во Украина, но и дозволи на Русија да изврши напад од нејзина територија во февруари.

Видовме дека ова доаѓа“, вели тој, мислејќи на руската инвазија. „Ако војната не почнеше минатата година, ќе почнеше утре, но со полоши услови за Русија и Белорусија“, тврди тој во својот говор во Минск.

Како што објави еминентниот весник Politico, тој го додал следново: „Единствената грешка што веројатно ја направивме е што не го решивме ова прашање во 2014 или 2015 година, кога Украина немаше своја армија. Сакавме да го решиме по мирен пат. Тие го искористија овој пат за да ги обучат нивните вооружени сили кои сега се подготвени за борба“.