Деспотовски повторно ги кани на јавна дебата Петровска, Филипче и Бајдевски, тие го одбија

Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу, вака Славјанка Петровска, една од кандидатите за претседател на партијата одговори на новиот повик на Јован Деспотовски кој повторно побара од останатите тројца кандидати за челното столче во партијата да излезат на јавна дебата.

Дека не се јавно соочување на Деспотовски му порачаа и Бајдевски и Филипче, но тој во повикот вели дека нема од што да бегаат, туку со тоа им даваат можност на луѓето отворено да бираат.

– Ги повикувам уште еднаш сите кандидати за претседател на СДСМ да ми се придружат на јавна дебата на која ќе ги презентираме нашите идеи и конкретни реформи. Овој повик доаѓа како одговор на бројните барања од луѓето од цела Македонија со кои се среќавам. – вели Јован Деспотовски-кандидат за лидер на СДСМ.

Сепак поранешната министерка за одбрана Петровска вели дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, најави дека утре ја започнува презентација пред членовите на СДСМ.

– Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.

И Венко Филипче се држи до осумте заднички претставувања на сите четворица пред членството, но веќе од вчера ја почна самостојната кампања.

– Во рамки на кампањата, централната изборна комисија во СДСМ има предвидено осум дебати во осумте плански региони каде сите кандидати ќе имаат презентација на програмите пред членовите. Според сегашниот план првата е закажана веќе во петок. Надвор од овие дебати не сметам дека се потребни други медиумски дебати. – вели Венко Филипче-кандидат за лидер на СДСМ.

На ист став е Бајдевски кој вели дека соочувањата ќе бидат пред членството организирани од СДСМ. И истите треба да бидат организирани по плански региони.

– На состанок одржан со кандидатите и Централната изборна комисија се договори став дека нема потреба од јавна дебата не медиуми, туку дека нашите дебати ке бидат пред членството организирани од СДСМ. И истите треба да бидат организиранибпо плански региони. – вели Александар Бајдевски-кандидат за лидер на СДСМ.

И додека осум заеднички претставувања во исто толку општини низ Македонија, ќе имаат четворицата кандидати за претседател на СДСМ тие имаат и само 20 дена да го убедата членовите на партијата да ги гласаат на на внатре-партиските избори што треба да се одржат на 30 јуни.