Деструктивен ураган ја зафати Европа! Морничава глетка: Поплавени улици, урагански ветер превртува чамци (ВИДЕО)
Ураганот Кирк погоди делови од јужна Европа, првенствено Франција, Шпанија и Португалија. Едно лице загина, а едно е во критична состојба, кога ураганскиот ветер превртел чамец недалеку од пристаништето Сете, на југот на Франција.
Повеќе од 65.000 домаќинства останаа без струја.
Според потполковникот Фредерик Харо, портпарол на Цивилната безбедност,
ситуацијата се стабилизира, но операциите за спасување и пумпање вода продолжуваат.
– И покрај сè, сепак имаме реки што се излеаја, што создава постојан ризик – додава тој.
Трите најзагрозени области се Атлантските Пиринеи, каде 16.000 домаќинства се без струја, Ду, каде 9.500 домаќинства останaa без струја и Јура, 4.900.
Железничкиот сообраќај денеска е во прекин на неколку локални линии во пет региони поради
поплави и соборени дрвја од ураганот Кирк.
Главниот град Париз исто така беше погоден од обилни дождови. Како што пишува BFMTV, тоа биле најобилните есенски врнежи во градот на светлината од 1920 година.
Францускиот весник „Фигаро“ објави дека синоќа имало голема штета во просториите на Националното собрание.
Во просторот каде што се наоѓаат канцелариите на пратеникот, вода навлегла во дел од просториите, особено во подрумот.