Детали за атентатот на Роберт Фицо: Влезе во толпата и потоа се слушнаа неколку истрели, напаѓачот е уапсен! (фото/видео)
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше ранет во пукање по состанокот на владата.
Според медиумите, премиерот Роберт Фицо, од владата е пренесен во болница.
Престрелката се случила пред Домот на културата, кога премиерот влегол во толпата, меѓу народот.
Медиумите јавуваат дека се слушнале неколку истрели. Сведокот тврди дека го видел обезбедувањето како го креваат премиерот од земја и го товарат во автомобил и се оддалечуваат. Според очевидците кои биле на лице место, Фицо дошол кај луѓето кои го пресретнале и потоа биле испукани неколку истрели.
Фицо потоа падна на земја. Напаѓачот бил соборен од полицијата и уапсен. Полицијата ја опколи областа, Домот на културата е евакуиран.
„Роберт Фицо денеска е ранет, кон него биле испукани неколку куршуми и моментално му е во опасност животот. Во овој момент со хеликоптер се превезува во Бањска Бистрица бидејќи патувањето до Братислава би траело предолго, поради потреба од итна операција“, напишаа тие во соопштението на Фејсбук.
Обезбедувањето се грижело за безбедноста на останатите членови на Владата.