Детали за страотната сообраќајка во Кисела Вода: 20-годишник е возачот кој е тешко повреден

Дваесетгодишно момче од Скопје е тешко повредено по страотната сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на булевар Србија во Кисела Вода.

– На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“.