Детали за хоророт во Бразил! Убил деца во градинка по случаен избор – родителите уништени од болка (ВИДЕО)

Најмалку четири деца настрадаа од маж кој со секира упадна во приватна градинка во градот Блуменау на југот на Бразил, соопштија локалните власти.

Во нападот што се случи околу 09:00 часот по локално време повредени се уште четири деца, а едно од нив е тешко повредено и е во критична состојба.

Претставниците на болницата соопштија дека сите повредени се на возраст под три години.

Полицијата за локалните медиуми изјавила дека напаѓачот се предал и бил приведен. Пожарникарите соопштија дека во градинката во моментот на нападот имало околу 40 деца. Тие додадоа дека напаѓачот го прескокнал ѕидот за да влезе во зградата и очигледно пукал во жртви по случаен избор.

Родителите истрчале во градинката кога чуле за инцидентот. Градските власти ја прекинаа наставата во Блуменау барем до утре.

Гувернерот на државата Санта Катарина – каде што се наоѓа Блуменау – прогласи тридневна жалост.

Ова не е првпат градинка во државата да биде цел на напад. Во 2021 година, 18-годишно момче уби двајца вработени и три мали деца во општина Саудадес.

Претседателот Луис Инасио Лула да Силва напиша на Твитер дека „нема поголема болка од семејство што ги губи своите деца или внуци, уште повеќе кога тоа е преку чин на насилство врз невини деца кои не можат да се одбранат“.