Детето 2 дена се жалело на неподносливи стомачни болки! Она што го пронајдоа во неговите црева ги шокираше и искусните германски лекари!

Германските лекари останале зачудени кога во цревата на четиригодишно момче пронашле магнетна нараквица со дури 18 магнетни топчиња!

Ова е медицински случај кој сигурно ќе остане во историјата. Лекарите најпрво се посомневале дека причината за постојаните болки во стомакот е слепото црево, но потоа вистината излезе на виделина: четиригодишното дете проголтало магнетна нараквица, објави германскиот RTL, повикувајќи се на медицинскиот весник „Journal of Pediatric Surgery Case Reports“. кој прв го пријавил за екстремен случај.

Имено, четиригодишно дете било донесено во болница откако два дена се жалело на болки во стомакот, постојано повраќање и запек. Лекарите првично се сомневаа дека се работи за акутен апендицитис.

Сепак, скенерот покажал дека во неговите црева има „предмет налик на нараквица“.

За време на операцијата следеше уште еден шок. Се испостави дека четиригодишното дете проголтало 18 магнети кои вообичаено се носат по ред како нараквица за терапија со магнетно поле за ублажување на болката од артритис и синдром на карпален тунел. Лекарите претпоставуваат дека момчето голтало пелети еден по друг во „непознат временски период“. Потоа тие се споиле во цревата за да формираат нараквица која му ги блокирала цревата и веќе делумно ги продупчила.

Хирурзите веднаш направија лапаротомија за да ги отстранат 18-те шестоаголни зрна, а потоа брзо го санираа оштетувањето на цревата.

Операцијата поминала добро и момчето по шест дена било пуштено дома. Шест месеци подоцна, последователниот преглед покажа дека четиригодишното дете добро закрепнало.