ДЕТЕ ПАДНАЛО ОД ТРАЕКТ ВО МОРЕ, МАЈКАТА СКОКНАЛА ПО НЕГО: Патниците сведоци на огромна трагедија

Мајката и детето се превезени одделно со хеликоптер во болницата во Карлскона.
Полската полиција денеска соопшти дека загинале седумгодишното дете кое паднало од патнички траект во Балтичкото Море и мајката на детето, која скокнала во водата по него.

Портпаролот на полицијата Маријуш Цијарка изјави дека не е можно да се спасат нивните животи. Двете жртви се полски државјани, пренесе АП.

Портпаролот на Шведската поморска управа, Јонас Францен, истакна дека трагедијата се случила вчера, кога детето паднало во вода, а мајката решила да скокне по него.

Тој додаде дека детето паднало од висина од околу 20 метри. Мајката и детето се превезени одделно со хеликоптер во болницата во Карлскона.

Во спасувачката операција помогнаа бродови и хеликоптери од Шведска и единици на НАТО кои биле во областа.