Младо дете вечерва загинало кога паднало од 15-ти кат на солитер во населбата Слатина во Тузла.
Портпаролката на полицијата, Аднана Спречиќ, изјави дека трагедијата се случила околу 19:40 саатор.
– Неколку граѓани пријавиле дека мало дете паднало од стан на 15 кат од зградата.
На местото на несреќата веднаш пристигнале итните служби и дежурните полицајци од ЈУ Центар и припадници на Криминалистичката полиција Тузла.
Докторот на итната помош ја констатирал смртта на детето – изјавил Спречиќ за Аваз.
На местото на несреќата има и дежурен обвинител кој ја води истрагата.