Дете (4) паднало во казан со гулаш во неделата на манифестацијата „Гулаш“ во Баранда.
Со брзата реакција на полицијата тоа било извлеченои пренесено на Универзитетската клиника во Тиршова, каде според неофицијални информации се наоѓа на интензивна нега и е надвор од животна опасност.
До несреќата дошло кога дете возејќи велосипед на тротоар во придружба на неговата баба удрило во дрвена столпа која го обезбедувала просторот, односно зелената површина околу местото каде што се одржал јавниот собир и се готвил гулашот. Откако удрил во бандерата, детето паднало во лонецот.
Брзо е пренесено во Здравствениот дом Опово, а подоцна на лекување во Белград.