Детските права во фокусот на средбата на градоначалникот Ѓорѓиевски со претставникот од УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани

– Децата и детските права беа во фокусот на разговорот кој денеска го водеа градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и претставникот од УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани.

На оваа средба, како што соопшти Општината, биле договорени повеќе заеднички проекти кои ќе овозможат остварување на полниот потенцијал на најмладите, што претставува најголемата инвестиција и влог во нивна посигурна и попросперитетна иднина.

-На мое огромно задоволство, денес се сретнав со претставникот од УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. Морам да истакнам дека ова беше исклучително плодна средба на која договоривме идни проекти од кои епилогот ќе се види многу наскоро, а најголем бенефит од сето тоа ќе имаат најмладите. Среќен сум што УНИЦЕФ континуирано низ годините неуморно работи во насока на одбрана на детските права и остварување на потенцијалот на децата, за што од моја страна секогаш ќе наидат на поддршка и соработка. Грижата и влогот во нашите најмали жители, истовремено е и влог во иднината, изјави Ѓорѓиевски.