Децата зависници од дрога во Македонија се препуштени сами на себе

Децата зависници од дрога во Македонија се препуштени сами на себе – нема институции за рехабилитација, не постојат ни медицински центри со специјализиран кадар и протоколи за лекување, ниту пак програми за превенција и рана детекција на употреба на психоактивни супстанци и дроги кај децата, алармираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Исто така, се намалува и возрасната граница на децата кои не само што употребуваат психоактивни супстанции туку и тргуваат со нив – најмладиот корисник на дрога во 2023та било дете под шест години, констатира заменичката Омбудсман Васка Бајрамовска Мустафа.

Бајрамовска Мустафа немаше одговор како децата ја добиваат дрогата, таа вели дека ретко се прават извештаи за овој проблем од страна на институциите, но податоците кои тие ги добиле укажуваат на сериозна и алармантна состојба со третманот и грижата за деца кои користат дроги и други психоактивни супстанци – како пример го посочи детскиот воспитно-поправен дом во Волковија, каде на децата зависници не им следува специјализиран третман туку само спортски активности, а се зголемува и бројката на деца кои користат дроги како марихуана, амфетамини, екстази, кокаин и хероин. Етничка припадност 2023 г. до 01.6.2024 г. Македонци 14 13 Албанци 16 6 Турци 0 0 Роми 1 0.