Ноември е тмурен месец, но децата родени во тоа време се навистина посебни. Науката го потврди тоа.
Сите деца се посебни за своите родители и не им е важно кога детето се родило во зима, есен или пролет. Сивиот ноември не дава премногу причини за радост, па родителите чии деца се родени во тој месец треба да знаат зошто нивните деца, од гледна точка на науката, се навистина уникатни.
Mother.ly секој месец презентира научни факти за децата родени во одредени месеци од годината, а овде откриваме зошто од научен аспект ноемвриските деца се толку посебни. Како по правило, децата родени во ноември се повисоки од нивните врсници. Истражувањето спроведено на Харвард покажува дека децата родени во студените месеци се неколку сантиметри поголеми при раѓање од новороденчиња кои се родени во лето. Децата родени во ноември, на 7 години се повисоки и потешки од своите врсници.
Голема е веројатноста да бидат успешни во спортот. Американските истражувања за спортските способности на учениците покажуваат дека најдобри спортисти се децата чии родендени се во ноември. Тие се дури 10-15% поуспешни од своите врсници на спортски тестови и почесто победуваат на натпревари.
Рано си легнуваат и полесно заспиваат. Овој факт, кој научниците го забележале при нивното истражување. Ова особено ќе ги израдува родителите на бебињата, бидејќи дава надеж за добар сон – не само за бебето, туку и за неговите родители. Научниците откриле дека децата родени во пролет и лето обично заспиваат подоцна од децата родени во есен или зима.
Поголема е веројатноста да бидат леваци, особено кога се во прашање момчињата. Изненадувачки, момчињата родени помеѓу ноември и јануари имаат поголема веројатност да бидат леваци од другите деца. Овој факт го открија научници од Универзитетот во Виена. Испитале 13.000 возрасни и откриле дека 7,5% од жените и 8,8% од мажите се леваци. Кога ги погледнале машките родендени, се испоставило дека речиси сите се родени во ноември.
Тие се помалку подложни на некои имунолошки заболувања. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека роденденот во ноември може да ги намали шансите за развој на мултиплекс склероза и некои други имунолошки заболувања. Се верува дека е поврзано со нивото на витамин Д што мајката го примала за време на нејзината летна бременост.
Луѓето родени во ноември живеат подолго од другите. Овој факт го утврдија истражувачите од Универзитетот во Чикаго.
Сите овие факти не негираат дека децата родени во други месеци се исто така уникатни. Ако ништо друго, кога ќе бидете отпуштени од болница на дождлив и студен ноемвриски ден, убаво е да знаете дека вашето новороденче веројатно ќе спие добро и можеби ќе стане одличен спортист еден ден.