Поминаа 12 години од почетокот на граѓанската војна во Сирија. Повеќе од 230.000 Сиријци се убиени, а повеќе од 13 милиони се раселени од 2011 година, соопшти Сириската мрежа за човекови права (СНХР).
Во извештајот кој е објавен а 12-годишнина од продемократските протести во Сирија во 2011 година, кои режимот на Башар ал-Асад насилно ги потисна, се наведува дека се убиени 230.224 цивили.
Војната највеќе ги погоди децата, кои растат во тешки услови во многу бегалски кампови во Идлиб и околината. Според податоците на групата за човекови права, околу 56 отсто од жртвите се убиени во текот на втората и третата година од војната.
Околу 52 отсто од смртните случаи пријавени се во провинциите Дамаск, Алепо и Хомс.
Од 2011 година раселени се повеќе од половина на сирискиот народ.
„Околу 13,3 милиони Сиријци побараа засолниште во други земји или се интерно раселени“, се додава во извештајот.