ДЕЈАН МАТИЌ ПРЕД БРАКОТ БИЛ ВО ВРСКА СО КОЛЕШКАТА ОД „ЅВЕЗДА ГРАНДА“: По раскинувањето пејачката се омажила за ММА борец, вака изгледа денес (ФОТО)

Во 2011 година Дејан Матиќ ја запознал својата сегашна сопруга Јелена и нивното пријателство довело до голема љубов која трае до ден денес.

Дејан и Јелена Матиќ се венчаа во јули 2012 година, прво во „Црквата Свети Василиј Острошки“ , а потоа склучија и граѓански брак. Истата година го добиле синот Зоран, кој го зел името на дедо му, таткото на Дејан и на Саша. Три години подоцна, во 2015 година, тие добија друг наследник, Константин.

Дејан Матиќ, Јелена Матиќ

– Моите синови сакаат да одат на мои настапи, а посетуваат и музичко училиште. Сега сме на пресврт, откако постариот влезе во Спортска гимназија. Многу сака музика и спорт, па балансираме. Би сакал и двајцата да бидат музички писмени, а што сакаат нека прават – откри во една прилика Дејан.

Инаку, пред бракот со Јелена, Дејан бил во врска со колешката „Ѕвезда Гранда“, Слаѓана Мандиќ .

Но, нивната романса не траела, а по раскинувањето со Дејан, Слаѓана се омажила за познат ММА борец од Дубровник и се повлече од очите на јавноста.