Македонските граѓани кои се во странство не можат да се пријават за гласање

Македонските државјани кои живеат во странство тврдат дека не можат да се пријават за гласање на претстојните избори. Тие велат дека веб-страницата на Државната изборна комисија не го прифаќа нивниот матичен број кој е потребен за регистрација. Во обединетата македонска дијаспора пристигнаа тврдења дека причината за блокадата е тоа што немаат пасош со новото уставно име, па затоа системот не им дозволува да ја почнат процедурата.

Од ДБМ велат дека имале проблеми и на последните избори. Пријавувањето беше успешно завршено, но без никакво објаснување ги немаше во избирачкиот список.

Пријавувањето за гласање на граѓаните на Македонија во странство трае до 18 март. На претходните парламентарни избори за гласање се пријавија над 7.000 имигранти.