Дејвид Бекам со мајка му на Вимблдон: Се прозева и едвај ги држи очите отворени

Дејвид Бекам вчера бил на Вимблдон, а неговата мајка Сандра седеше со него на трибините во кралската ложа.

Мајка и син, судејќи по фотографиите, биле расположени. Разговараа, се смееја и коментираа за натпреварот со публиката… Сепак, се чини дека еуфоријата подоцна исчезна. Фотографите го фатиле Дејвид во неколку наврати како се прозева, го трие челото и едвај ги држи очите отворени.

Британските медиуми неговиот замор го препишаа на тоа што претходната вечер ја прославил 24-годишнината од бракот со сопругата Викторија.

„Дејвид се појави на Вимблдон во добро расположение, но беше поспан. Одвај се воздржа да не се прозева по неговото излегување во Мејфер“, пишува „Дејли мејл“.