Круз Бекам предизвика хаос на социјалните мрежи кога објави фотографија со својот славен татко.
Младиот Круз Бекам објави неодамнешна фотографија со својот татко Дејвид Бекам , на која фамилијарно уживаат на јахта покажувајки ги нивните извајани тела.
Не е тајна дека и помладите и постарите Бекамови обожаваат голи фотографии, Дејвид најчесто е фотографиран од Викторија , но овој пат кренаа повеќе прашина од вообичаеното.

Семејството Бекам е на одмор во Италија, а Круз и Дејвид седат на бел кауч на луксузна јахта. Со нив е и неговата девојка, девет години постара од него, Џеки Апостел.
Ова семејно собирање исто така се одржува без Бруклин , за кој се шпекулира дека е во лоши односи со своите родители и браќа.

„Добро, цело време ја зумирав сликата“, „Не знам кој е подобар“, „Можеби е време за OnlyFans“, „Зумирај на Круз и сè ќе ти биде јасно“, беа некои од коментарите.
Синовите на Бекам многу личат на него, но Круз сепак се чини дека ги усвоил најмногу физичките карактеристики на својот татко.