Де Брујне, дали би направил трансфер во Саудиска Арабија? Фудбалерот на Сити доби интересно прашање, откри што мисли неговата сопруга за тоа! (фото)
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне денеска изјави дека ќе размисли за преселба во некој од клубовите во Саудиска Арабија кога ќе заврши со настапот во Премиер лигата.
,,За мојата сопруга Мишел, егзотична авантура е во ред. Тоа се разговори кои ги водиме се повеќе како семејство. Имам уште една година од договорот и морам да размислам што може да се случи”, изјави Де Брујн за белгиската телевизија VTM, објави Скај.
Во текот на кариерата Де Брујн играше за Генк, Челзи, Вердер Бремен и Волфсбург, од каде во 2015 година се пресели во Манчестер Сити.
,,Мојот најстар син има осум години и знае само за Англија. Ме прашува и колку долго ќе играм за Сити. Кога ќе дојде моментот, ќе мораме да се справиме со тоа на одреден начин”, изјави 32-годишниот белгиски фудбалер.
Де Брујне во кариерата освои бројни трофеи, а најмногу успеси имаше со Манчестер Сити со кој меѓу другото освои шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.