Де Брујн оди кај Меси? Само клубовите од Саудиска Арабија можат да го уништат договорот

Интер Мајами летово планира да го доведе белгискиот играч за врска Кевин де Бруин (33), односно уште едно звучно засилување по Лионел Меси и Луис Суарез, објавија британските медиуми.

Договорот на Де Брујн истекува на 30-ти јуни и тој веќе објави дека летово го напушта Манчестер Сити, каде помина десет години, освојувајќи 16 трофеи.

Американскиот клуб ќе има силна конкуренција од екипи од Саудиска Арабија, кои во последните години успеаја да привлечат бројни светски фудбалски ѕвезди.

Белгиецот сега треба да одлучи дали ќе прифати богати понуди од Саудиска Арабија, а се зборува за годишна плата од 24 милиони евра или да замине во Мајами, што би била многу поприфатлива дестинација.

Во дресот на Манчестер Сити постигна 106 гола во сите натпреварувања, а во Премиершип имаше 117 асистенции.

Само еден играч во историјата на Премиер лигата е пред него кога се во прашање асистенциите, а тоа е Рајан Гигс (162).

За белгиската репрезентација одигра 109 натпревари и постигна 30 голови.