ДЗС: Во мај се доделени 260 одобренија за градба

Во текот на месец мај 2024 година се издадени 260 градежни дозволи, што е за 18,0% помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според одобренијата за градба, проценетата вредност на објектите изнесува 5.869.263 илјади денари што е за 10,5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 (51,1 %) се наменети за висококатници, 54 (20,8 %) за ниски згради и 73 (28,1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 260 објекти, 141 (54,2 %) се физички инвеститори, а 119 (45,8 %) објекти се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 424 станови, со вкупна површина од 36.052 м2.