Дибоа го “претепа” Џошуа на преполниот Вембли, поранешниот светски шампион се тетеравеше по рингот, со овој брутален нокаут е испратен во пензија? (Видео)
Ентони Џошуа во незаборавната пресметка на тешкашите го доживеа еден од најтешките порази во кариерата, кога Даниел Дубоа го нокаутираше во петтата рунда.
Борбата на преполниот Вембли ја остави публиката без здив додека Дубоа ја обезбеди победата со разорен удар за да ја задржи својата светска титула во ИБФ.
Од почетокот на мечот Дубоа ја наметна својата доминација, додека Џошуа се мачеше да најде ритам, но безуспешно.
По борбата, британските коментатори заклучија дека ова може да биде крај на кариерата на Џошуа, со оглед на сериозноста на поразот и неможноста да се опорави во клучните моменти.
– Во текот на мечот неколку пати се обиде да се врати, но никогаш не беше така нокаутиран. Ова може да биде крај за него бидејќи никогаш не бил така нокаутиран – рекоа за Џошуа.
Амбицијата на Џошуа да стане трикратен светски шампион и повторно да доминира во тешка категорија заврши на најдраматичен и најнеочекуван начин. Пред нешто повеќе од осум години ја освои својата прва титула, но сега го претрпе четвртиот пораз во 32 професионални борби.
– Имам само неколку зборови, нели ви беше забавувно?! Ова беше неверојатно патување и благодарен сум за можноста. Јас сум гладијатор, борец до самиот крај. Мојата цел е да го достигнам врвот на овој спорт и да го остварам мојот целосен потенцијал – изјави Дибоа.
Omg Anthony Joshua gets FLATLINED by Dubois pic.twitter.com/yB6I4VJPWe
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) September 21, 2024