Диверзантите од Белгород соопштија дека заробените руски војници ќе му ги предадат на Киев

 Проукраинска група руски борци соопшти дека во прекугранична рација во рускиот регион Белгород заробила неколку руски војници и дека ќе им ги предаде на украинските власти.

Рускиот волонтерски корпус ова го соопшти во видео објавено на каналот Телеграм.

Британските медиуми пренесоа дека на краткото видео може да се видат околу десетина заробени руски војници, како и двајца како лежат на болнички кревети.

Групата претходно имаше соопштено за двајца заробени руски војници.

Диверзантите понудија да ги предадат војниците, но за возврат да бидат примени „само за две минути“ од регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, јавија британските меидуми.

Во објава на Телеграм, проукраинските групи „Руската легија на слободата“ и „Руски волонтерски корпус“ објавија дека беспотребната крвава војна што трае 1,5 година сега се прелеа на територијата на рускиот регион Белгород.