Диетата 30/30/30 е апсолутен хит оваа пролет! Жените тврдат дека не е тешка за одржување и дека килограмите сами се топат
Диетата 30/30/30 вклучува консумирање 30 грама протеини во првите 30 минути од будењето, а потоа 30 минути вежбање.
Утрински протеини
Протеините што ги земате наутро помагаат да се одржи стабилно ниво на гликоза, го забрзува метаболизмот и ја намалува желбата за одредена храна во остатокот од денот.
Обезбедувањето утрински протеини е едноставно.
Можете да изедете три тврдо варени јајца со парче тост или да пиете смути со шолја и пол протеински прав.
Протеински појадок може да биде чинија свежо сирење со овошје или грчки јогурт со малку путер од кикирики.
Утринска вежба
Методот 30/30/30 бара движење со низок интензитет, што значи дека пулсот треба да остане под 135 во минута.
Можете да го шетате кучето, да возите велосипед, да правите јога или лесни вежби – важно е да се движите.
Хит на мрежите
Диетата за слабеење 30/30/30 е вистински хит на социјалните мрежи. Многу задоволни корисници ја потврдуваат нејзината ефикасност.
Многу жени велат дека не им било тешко да ја следат оваа диета, и дека после тоа немале јо-јо ефект. Исто така, многу жени потврдуваат дека често се враќаат на овој едноставен режим, кој стана нивни начин на живот.