Диета на Никола Јокиќ: Еве што исклучил од исхраната српскиот кошаркар и за еден месец ослабе 14 килограми
Фитнес тренерот Стив Хес создаде специјална диета за Јокиќ која го доведе во топ форма.
Никола Јокиќ како тинејџер имал проблеми со вишокот килограми. Така иако денес е еден од најпознатите спортисти во светот, познат српски кошаркар, мораше да направи нешто за да се избори со килограмите.
Тајната на неговиот сегашен изглед е во здравите оброци кои се вклопуваат во спортскиот начин на живот, а со килограмите се борел уште на рана возраст со помош на диета.
– Бев дебел до пред неколку години. Сакав да јадам сè и не одбивав ништо. Јадев се, колачи, манџа, жолта чорба со малку повеќе маснотии – признава Никола, пренесува „Глорија“ .
Со убедување на неговиот татко, тој почна да тренира кошарка, а заминувањето во НБА целосно му го промени животот. Со помош на диететичари и фитнес тренери, тој успеа да изгуби 14 килограми за 42 дена.
Фитнес тренерот Стив Хес одигра клучна улога во овој процес, создавајќи специјална диета која го доведе Јокиќ во топ форма.
– Мислам дека слабеењето е една од најдобрите работи што сум ги направил во кариерата. Хес ми помогна да ја балансирам тежината и сега јадам шест до осум пати на ден. Протеински шејкови, салати, пилешко, риба и се што е подготвено на здрав начин.
Диетата на Никола Јокиќ прави чуда, а неговата исхрана сега се фокусира на балансиран внес на протеини, сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук, како и контролиран внес на здрави масти.
– Не јадам глупости, слатки, мрсно и луто – откри кошаркарот.