Диета поради која Јелена Карлеуша има совршена фигура: Целосно отфрлила една храна, и посочи интересно правило (фото)
Јелена Карлеуша често се фали со своето тело на Инстаграм. Во петтата деценија од животот, витката линија ја должи на посебен тип на исхрана, односно диета која ги топи масните наслаги и ги зачувува женските облини. Токму благодарение на внимателно скроениот план за исхрана, Карлеуша ја доведе својата линија до совршенство.
Диетата што ја следи е едноставна, а забрането е да се консумираат само две работи.
Кралицата на различноста и модниот стил не се двоуми да се облече во оскудни комбинации и бикини, а нејзината публика секогаш е заинтересирана за секој детал од нејзиниот приватен живот, вклучувајќи го и она што го јаде секојдневно.
За почеток, важно е да се каже дека Јелена е голем поборник за вегетаријанството, а месото е една од намирниците кои никогаш нема да се најдат на нејзиното мени.
Иако Карлеуша не се изгладнува, таа внимателно го следи внесот на калории и внимава на соодносот на хранливите материи во оброкот. Освен месо, единствената група на храна што не ја јаде се слатките во вид на гумени бонбони, лижавчиња и слично.
– Здравјето доаѓа апсолутно и само преку устата. На крајот на краиштата, погледнете се во огледало голи. Сликата јасно ќе ви каже каде грешите, изјави во една прилика пејачката за српските медиуми.
– Никогаш во животот не сум била болна и верувам дека за тоа е заслужна исхраната без месо, со апсолутен минимален процент на животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи. Прво јадам многу овошје, а потоа зеленчук, додаде таа.
Затоа, тоа е урамнотежена исхрана базирана на сурова, свежа храна. Исто така, Јелена тврди дека нема никакви пороци.
– Никогаш во животот не сум пиела кафе, а пијам најмалку три литри вода дневно. Ги презирам слатките, објасни Карлеуша.
Подолу е пример за нејзиното мени за три дена.
Прв ден
Појадок: 400 грама сирење со малку маснотии, две кришки интегрален леб, салата
Ужина: две јаболка
Ручек: Грашок со зеленчук околу 400 грама и салата
Вечера: Салата со тиквички
Втор ден
Појадок: 4 лажици овесна каша, овошен микс, чиа семе
Ужина: 300 грама цреши
Ручек: тавче грав со зеленчук, салата Вечера: Кисело млеко 360 милилитри и салата
Трет ден
Појадок: Мафини со тиквички, салата
Ужина: Витаминска салата со црвена зелка
Ручек: Шампињони со зеленчук
Вечера: Супа од зеленчук