ДИЕТАTA НА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША! Пејачката откри што ЈАДЕ СЕКОЈ ДЕН, а ова никогаш не го консумира, лошо е за кожата

Се чини дека пејачката многу често тренира и особено се грижи за исхраната, особено во последно време, а сега ја откри и својата секојдневна рутина.

Пејачката Јелена Карлеуша е една од најубавите жени на нашето шоу. Карлеуша не го крие своето тело и облини кои често ги истакнува со провокативни костими. 

Изгледа како да тренира многу често, бидејќи нејзините сценски настапи се исклучително напорни и бараат физичка подготвеност, сега таа ја откри тајната на витката линија гостувајќи во емисија на телевизијата Уна.  

– Не би рекla дека има нешто совршено, не постои совршенство кога е во прашање женското тело. Жените се секогаш незадоволни. Јас сум некој што не тренира, не се грижам за своето тело во таа смисла. Јадам прилично добро, многу овошје, многу зеленчук, вода. Немам пороци, не пушам, не пијам, не пијам ни кафе. Мислам дека тоа е многу важно и за женската кожа – открила Карлеуша.

– Ништо не тренирам, никогаш не сум трчалa, освен ако нешто е пред затворање. Имам силни кореографии на настапи кои траат и до два часа, кои треба да се издржат, но физички сум исклучително силна жена – откри Карлеуша.