Диететичарите: Ако сте постари од 50 години и сакате подобро здравје на срцето, јадете ги овие 3 намирници
Храната богата со пробиотици, како што се јогуртот и ферментираната храна, е позната по своите благотворни ефекти врз здравјето на цревата, но нуди и други придобивки. Редовното вклучување на такви намирници во исхраната може да има позитивни ефекти врз меморијата, расположението и здравјето на срцето, особено за луѓето постари од 50 години.
Пробиотиците ја поддржуваат функцијата на мозокот преку подобрување на врската помеѓу цревата и мозокот, помагаат во балансирањето на хормоните кои го регулираат расположението и придонесуваат за здравјето на срцето со намалувањето на холестеролот и воспаленијата. Лекарите издвоиле три такви намирници кои придонесуваат за здравјето на цревата и срцето.
Кефир
Кефирот содржи многу пробиотски соеви кои ја подобруваат когнитивните функции и целокупното здравје.
„Различни пробиотски соеви и биоактивни соединенија во кефирот го подобруваат здравјето на цревата и се поврзани со подобра когнитивна функција и заштита од когнитивно опаѓање. Редовното консумирање кефир ја поддржува здравата цревна микробиота, која игра клучна улога во стабилизирање на расположението и намалување на симптомите на анксиозност и депресија. Кефирот може да придонесе за намалување на крвниот притисок и подобрување на нивото на холестерол, што е од корист за здравјето на срцето“, рекол докторот специјализиран за холистичка медицина, д-р Шам Синг за „Ши фајндс“ (SheFinds).
Диететичарката Саманта Касети додава: „Една студија покажа дека консумирањето шест порции ферментирана храна, како што е кефирот, дневно доведува до поразновидна микробиота и намалени маркери на воспаленија. Овие фактори можат да го намалат ризикот од голем број состојби, вклучително и автоимуни болести, дијабетес тип 2, срцеви болести и нарушувања на расположението, како што се депресија и анксиозност“.
Кисела зелка
Пробиотиците во кисела зелка го поддржуваат здравјето на цревата, што е исто така важно за здравјето на мозокот.
„Киселата зелка, со својата содржина на пробиотик, е моќна ферментирана храна која ја препорачувам за одржување на здравјето на цревата. Здравото црево, поддржано од пробиотиците во кисела зелка, може позитивно да влијае на когнитивната функција и меморијата со намалување на воспалението и оксидативниот стрес. Пробиотиците во кисела зелка, исто така, ја подобруваат врската црево-мозок, што помага да се управува со расположението и да се намали анксиозноста и депресијата“, истакнува д-р Синг.
Ферментирани краставици
Пробиотиците во ферментираните краставици промовираат здрава цревна микробиота, која може да помогне во намалувањето на воспалението и оксидативниот стрес и потенцијално поддржува подобра меморија и когнитивна функција. Покрај тоа, со подобрување на здравјето на цревата, овие пробиотици можат да влијаат на производството на невротрансмитери кои го регулираат расположението, а со тоа помагаат да се стабилизира расположението и да се намали стресот.
Диететичарката Мишел Саари заклучува: „Природно ферментираните краставици се нискокалорична храна богата со пробиотици. Сепак, важно е да се внимава на содржината на натриум во краставиците бидејќи високиот внес на натриум може да биде штетен за здравјето“.