‘ДИКТАТОРОТ’ ДОБИВА ‘СУПЕР МОЌ’! Белорускиот послушник на Владимир Путин се пофали: “Нуклеарното оружје пристигна! Три пати е посилно од она на САД во Хирошима“
„Белорусија почна да добива тактичко нуклеарно оружје од Русија“, соопшти претседателот на државата, Александар Лукашенко.
Белорускиот „диктатор“ изјави за руската државна телевизија дека неговата земја го испорачува оружјето и посочи дека истото е три пати помоќно од атомските бомби што САД ги фрлиле на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
„Имаме проектили и бомби што ги добивме од Русија“, рекол тој во интервјуто, пренесува Sky News.
Изјавите дојдоа откако се чинеше дека Александар Лукашенко противречи на рускиот колега и сојузник Владимир Путин во врска со употребата на нуклеарно оружје што треба да се распореди во Белорусија.
Имено, рускиот претседател нагласи дека Москва ќе ја задржи контролата врз употребата на своето тактичко оружје во Белорусија, а потоа Александар Лукашенко изјави дека нема да се двоуми да го употреби дури и без дозвола на Владимир Путин доколку Белорусија се соочи со агресија.
Ова е првпат по распадот на Советскиот Сојуз Москва да распореди вакво оружје надвор од Русија.
Тактичките нуклеарни оружја се многу помалку моќни од стратешките – стратешките се наменети да уништат цели градови, додека тактичките се наменети да се користат на бојното поле против непријателските сили.
Ваквиот развој на настаните внимателно го следат САД и нивните сојузници, како и Кина, која постојано предупредуваше да не се користи нуклеарно оружје во војната во Украина.
Александар Лукашенко во вторникот одвоено кажа дека нуклеарното оружје ќе биде физички распоредено на територијата на Белорусија „за неколку дена“ и дека има капацитети за сместување на ракети со поголем дострел, доколку тие некогаш бидат потребни.
Изолирани од поголемиот дел од Европа и Западот, Белорусија и Русија ги продлабочија врските од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година. Москва постепено го зголемува своето влијание и контрола врз Белорусија со можна цел, некои велат, на крајот да ја направи поранешната советска земја дел од Русија.