Државната изборна комисија (ДИК) предлага во Изборниот законик да се воведе времена регулатива со која ќе се овозможи гласање на изборите дури и за граѓаните кои имаат документи со старото име на државата, но кои имаат рок.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски рече дека сега чекаат Собранието да даде зелено светло за гласање со стари, но валидни документи.
„Како ДИК дадовме предлог до Собранието – да се измени Изборниот законик, во кој ќе има преодна одредба само за овие избори, да важат и старите важечки документи за да можат да гласаат сите граѓани. Дали ќе биде одобрен или не зависи од Собранието“, вели Даштевски.
Даштевски рече дека во Избирачкиот список ќе се најдат лицата кои ќе наполнат 18 години, но само оние кои ќе бидат запишани.
„Најдено е решение за возрасните и точно се знае со закон кога можат да се пријават. Тоа што е во законот е тоа што е“, рече претседателот на ДИК.