Димитар Ковачевски: “ВМРО-ДПМНЕ да ја објави анкетата според која 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира оваа партија“

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, повика ВМРО-ДПМНЕ да ја објави анкетата, според која, како што кажа, 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира оваа опозициска партија, и во делот на евроинтеграциите и во однос на економските и социјалните политки.

Димитар Ковачевски не е изненаден од анкетата пред два дена која покажува намален рејтинг на СДСМ во однос на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Дури, како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања, бил убеден и дека ќе биде објавена. 

Пред два дена видов една анкета, а ја видоа и граѓаните. Таа е што редовно излегува од аналитички центри блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Убеден бев дека ќе има таква анкета, а убедувањето го базирав на следното: гледате дека во моментов најактивна политичка партија во државата е СДСМ. Имаме голем број трибини во изминатите две недели на кои ги промовираме сите економски постигнувања направени во изминатите години и тие се базирани на факти: зголемени пензии, плати, намален број на невработени на 13 проценти од 24 отсто, зголемен број на вработени само годинава за 10 000, инвестиции на највисоко ниво, капитални инвестиции на највисоки ниво од независноста на државата. Тоа се се факти кои требаше да се споделат со граѓаните. Во тој период ВМРО-ДПМНЕ не беше пристуна зашто немаат со што да парираат и веројатно затоа мораа да излезат со некаква анкета на која ќе можат да имаат нешто за дисксуија. Но нека ја објави ВМРО-ДПМНЕ анкетата во која 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира ВМРО-ДПМНЕ во земјава, и во делот на евроинтеграциите и во однос на екононмските и социјалните политки. Нека излезат со тој податок, знам дека го имаат, но не смеат да го објават“, порача Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

СДСМ, напомена тој, има далеку поголем рејтинг и тоа ќе се потврди на претстојните избори, како што се потврдувало на изборите претходно.

Никогаш не се мешам во работата на агенциите, тие си работат по свои методологии, но имаше такви анкети, посебно пред изборите, вонредни и локално, и во Тетово и во Маворово – Ростуше. Тие, исто така, предвидуваа такви резултати, но на крај СДСМ и коалицијата победија со разлика како никогаш досега. Такви анкети имаше и на изборите во 2020 година, па СДСМ и коалицијата ја извојуваа победата, исто ќе биде и во 2024 година“, истакна Димитар Ковачевски.