Димитар Ковачевски: “Јован Митрески ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно, во интерес на граѓаните и доброто на државата“

Премиерот во оставка и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски му го честиташе изборот на Јован Митрески за претседател на македонското Собрание и му посака успех во работата.

Уверен сум дека Митрески ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно, во интерес на граѓаните и доброто на државата“, напиша Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Собранието денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Јован Митрески за претседател на Собранието откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката Влада, која треба да биде избрана во недела, на 28. јануари. 

Јован Митрески, кој беше досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на новиот состав на Парламентот по изборите на 8. мај.