Димитриевска-Кочоска: Историски приходи во буџетот за јули

Историски високи приходи за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна исплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус, а резултатите се видливи сега, веќе во првата година од мандатот, објави министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска на својот Фејсбук профил.

Димитриевска-Кочоска нагласува дека во јули, во споредба со истиот месец минатата година, приходите од даноци и придонеси се зголемени за 7,4 проценти, приходите од акцизи се зголемени за 5,7 проценти, додека приходите од расходи за увоз се зголемени за 19,2 проценти.

„Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме со посветеност, со поддршка на економијата и грижа за секој денар на граѓаните“, подвлекува министерката.