Кандидатот на ЗНАМ за претседател, Максим Димитриевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 вели дека нема да тргува со гласови.
„Јас не ги носам граѓаните во џеб за да повикам и манипулирам. Уште на самиот старт пред да почне кампањата реков дека јас со гласови нема да тргнувам и нема да прифатам ниту еден непристоен предлог“ одговори Димитриевски на прашањето дали ако не влезе во вториот круг, ќе повика да се гласа за еден или за друг.
Вели дека ако не влезе во вториот круг, ќе излезе да гласа како обичен гласач.
„Ако не влезам во вториот круг, ќе излезам како обичен гласач, ќе гласам, ќе се заблагодарам на сите тие што ме гласале и што не ме гласеле, ќе се обидам да направам се да се стекнам со нивната доверба понатаму во следниот период“ рече Димитриевски.