Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 вели „дека неговата реакција пред година, година и половина дека Груби преговарал со Груевски сега се потврдува“.
-Да ве вратам некаде година, година и половина назад ако се сеќавате на мојата реакција во јавност кога реков дека Артан Груби е еден од лицата којшто преговара со Груевски и тогаш бев негиран од негова страна и го повикав да седнеме во студио и никогаш не излезе и ете сега се потврдува фактот дека бегалците помеѓу себе секогаш се наоѓаат и се снаоѓаат, можеби се и заедно не знам, вели Максим во Клик Плус на ТВ21.
Погледнете ја целосната изјава на Димитриевски: