Димитриевски: Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво
Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово преку својот фб профил упати остри критики по обвинувањата на Исмет Рамадани упатени кон новинарот Александар Видиновски.
Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа доаѓа од Претседател на Евро Атланскиот Совет на Македонија г. Рамадани.
ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува Европските и Атлантските демократски вредности а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, кои што заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата “Само вистина” на ТВ Канал 5.
Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ г. Рамадани.
Како и секогаш представниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власта и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото.