Претседавачот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој има добиено пратенички мандат, но е и претседател на општина Куманово, пред почетокот на денешната конститутивна седница на Собранието, изјави дека петтемина пратеници на неговата партија ќе гласаат за Африм. Гаши, доколку биде предложен за претседател на Собранието.
Димитриевски му посака успех на новиот пратенички состав.
„ЗНАМ очекува многу од овој парламентарен состав. Верувам дека како потенцијален партнер во идната влада ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски цели во идната владина програма и составот на владата“, рече Димитриевски. .
Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со разговорите за новата влада, рече дека се уште не се договориле за разрешницата на ресорите.
„За нас поделбата на власта и министерските позиции се во втор план, се што ветивме во предизборниот период е на вистински план“, рече Димитриевски