Димитриеска-Кочоска: Владата наскоро ќе излезе со мерки против инфлацијата

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, во врска со истекот на повластената стапка за купување нов дом, нагласи дека нема потреба од дополнително оптоварување на граѓаните.

„Сè уште анализираме, ќе донесеме конечна одлука, верувам дека не ни треба дополнително оптоварување на граѓаните, буџетот е каков што е, наплатата на приходите е во добра насока, сè е според планот, па од страна на расходите, се обрнува големо внимание и на тоа, а од друга страна, особено на тие млади луѓе, без разлика дали самостојно купуваат станови или кога стапуваат во брак со својот брачен другар, верувам дека во моментов нема потреба од дополнително оптоварување на нив“, рече Димитриеска Кочоска.

Министерот додаде и дека Владата ќе излезе со мерки против високата инфлација.

„Владата моментално подготвува некои мерки, ќе излеземе со некои предлози, но повторно тие ќе бидат краткорочни и ни треба решение кое ќе биде долгорочно“, додаде Димитриеска Кочоска.