Започна ИПАРД 3 програмата, 97 милиони евра од ЕУ се наменети за модернизација на македонското земјоделство, изјави на прес-конференција, Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ.
Тој рече дека политиките на СДСМ создаваат нови и подобри можности за македонските земјоделци и земјоделството во целина.
„Ние сме прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата. Имаме неповратни 97 милиони евра од ЕУ, пари за модернизација и дополнителен развој на македонското земјоделство. Со помош на ЕУ создаваме нови можности, за многу нови инвестиции за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за преработки, за собирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Нова можност за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила“, рече Димковски.