Димовски за првиот круг на претседателски избори: Очекуван резултат, ние и зборувавме дека разликата ќе биде огромна!
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во „Daily Click“ на ТВ21 вели дека резултатот на првиот круг од претседателски избори бил очекуван.
„Ние и зборувавме дека разликите ќе бидат огромни и такви какви до сега не биле видени“, вели Димовски.
Според него, гласачките ливчиња се најсилниот елемент, и најсилната порака која што ја упатиле граѓаните.
„Јас се надевам дека секоја следна Влада кога ќе паѓа, ако е ваква како досегашната, вака ќе паѓа, не би имал проблем и доколку ВМРО-ДПМНЕ на истиот начин работи, исто вака да падне“, додаде Димовски.