Димовски: ТИРЗ ја наследив во полоша состојба од очекувањата, убеден сум дека оваа Влада ќе го среди системот

Гоце Димовски, директор на ТИРЗ во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека ја затекнал дирекцијата во многу лоша состојба, односно полоша од очекувањата и од сознанијата.

„Да бидам искрен, во многу полоша состојба ја наследнив ТИРЗ од она што го очекував. Со штетни договори, со системски проблеми, со непродукитвни трошоци. Нашата цел е да се консолидира и да се среди каде што може, да имаме стабилна основа каде што ќе можеме да растеме со брза динаимака, и тоа е предизвик да работиме доста и да покажеме дека може да биде различно од претходно“, изјави Димовски.

Димовски потоа зборуваше и за системот, и убеден е дека оваа Влада ќе успее да го среди системот.

„Познавајќи го премиерот Мицкоски и сите директори и министри, убеден сум дека ќе работиме да го средиме системот. Ќе треба време, но јас мислам дека ќе успееме да направиме граѓаните да се чувствуваат безбедно во Македонија“, изјави Димовски.