Познатиот хрватски фудбалер и некогашниот играч на Динамо од Загреб, Лука Модриќ доби фудбалски терен во поранешниот клуб кој отсега ќе го носи неговото име. Во средата е одржана официјална церемонија на именување на теренот број 4 на максимирскиот комплекс кој отсега ќе го носи името „Лука Модриќ“.
Пред две години Динамо ја одржа првата и историска анкета за сопствениците на фан токенот на Динамо и јуниорскиот терен број 3 наречен е по легендарниот играч на Динамо Златко Крањчар. Во меѓувреме, сопствениците на фан токенот имаа можност да учествуваат во бројни анкети, а во последната од нив го бираа името на тренинг теренот број 4.
Највеќе гласови, поточно 44,91%, доби некогашниот капитен на Динамо, подоцна еден од најдобрите светски фудбалери, капитен на хрватската репрезентација и еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид Лука Модриќ.
Пред самото откривање на плочата со името на новиот терен, на сите присутни преку видео-порака им се обрати и самиот Лука Модирќ, а потоа се обрати и претседателот на Динамо Мирко Барашиќ.
„Секое училиште има посебно значење за клубот. Ние во Динамо отсекогаш се трудевме нашата школа да биде врвна и драго ни е што таа школа произведе многу квалитетни играчи кои придонесоа Динамо да биде респектабилен клуб во Хрватска, Европа и светот. Сега имаме терен кој го носи името на голем фудбалски великан како Лука Модриќ, да се надеваме дека тоа ќе биде нишка водилка за нашите млади играчи да го следат неговиот пат“, изјави претседателот Мирко Баришиќ, пренесе ТРТ Балкан.
На свеченоста присуствуваше и Ведран Чорлука, долгогодишен соиграч на Лука Модриќ, кој моментално е во штабот на сениорската репрезентација.
„Ова е уште едно големо признание за Лука. Се сеќавам на овој терен од времето кога го нарекувавме кадетско поле, а сè уште не беше толку убаво. Лука од првиот ден го красеше решителноста, упорноста и големата желба за успех, имав можност сето ова да го поминам со него. Таа желба и упорност со текот на годините стануваа се посилни и посилни. На овој терен почнавме да ги градиме нашите соништа и се надевам дека на него ќе ги градат своите соништа и помладите генерации и дека името на Лука Модриќ ќе им биде инспирација“, изјави Чорлука.
На свеченоста присуствуваа и поранешни тренери на Модриќ, Стјепан Девериќ, Џемал Мустеданагиќ, Томислав Обрадовиќ и Бранко Иванковиќ, а меѓу собраните беа и поранешни соиграчи од Димано, Хрвоје Чале, Ведран Чорлука, Ето, Огњрн Вукојевиќ, Филип Лончариќ, Иван Бошњак, Марио Цвитановиќ, Јосип Тадиќ, Томо Шокота, Иван Келава, Марко Шарлија и актуелнит тренер на првиот тим Игор Бишчан како и неговиот помошник Анте Томиќ.
По откривањето на плочата со името на Лука Модриќ, одигран е пријателски натпревар помеѓу кадетите на Динамо и Задар, со кој теренот „Лука Модриќ“ и официјално е отворен.