Директорот на затворот убиен во напад! Нов бран на насилство ја тресе државата: Претседателот на државата сака да ја прати војската на улица
Директорот на затворот во Еквадор беше убиен во неделата кога милиони излегоа на гласање на референдумот фокусиран главно на војната на претседателот Даниел Нобоа против бандите.
Националната агенција за затвори (SNAI) соопшти дека Козми Дамијан Паралес Мерџан, директор на затворот во регионот Манаби, е убиен, но не се соопштуваат дополнителни детали за неговата смрт.
Обвинителството на Еквадор соопшти дека во нападот е повредено едно лице и дека официјални лица започнале истрага.
Досега нема уапсени.
SNAI изјави дека ќе соработува со локалните власти во истрагата за убиството на Паралес и додаде дека атентатот „внесува тага“ во целиот национален систем за социјална рехабилитација.
Паралес беше убиен истиот ден кога Еквадорците излегоа на гласање на референдум на кој доминираа безбедносни прашања што може да ја поттикнат антикриминалната агенда на претседателот Даниел Нобоа.
Меѓу најголемите предлози се мерките да и’ се дозволи на војската да патролира со полиција за борба против организираниот криминал, што во моментов може да се случи само во вонредна состојба која има ограничување од 90 дена. Една од мерките предвидува екстрадиција на Еквадорците, што во моментов е забрането со Уставот, и зголемување на казните за насилни злосторства.
Нобоа се надева дека мерките ќе му помогнат да го спречи зголеменото ниво на организиран криминал поврзан со нарко-картелите.
Јавниот обвинител кој ја водеше истрагата за нападот на еквадорската телевизија неодамна беше убиен во напад во градот Гвајакил опфатен со криминал.