ДКСК: Градоначалник незаконски си ја унапредил сопругата

Антикорупционерите согласни за покренување постапка против градоначалник кој својата сопруга ја унапредил во советник во неговата општина.

Овој случај за судир на интереси и непотизам бил пријавен во ДКСК анонимно и електронски по што побарале податоци и информации од општината.

Градоначалникот ја доставил бараната документација за тоа дали неговата сопруга е вработена во општината и целта постапка за нејзино унапредување, при што било констатирано од антикорупциска дека го прекршил законот. ДКСК констатирала прекршок и градоначалникот ја платил глобата со што случајот запира, бидејќи повеќе институцијата нема надлежност да постапува понатаму.